Трамп потврди дека испораката на вакцината ќе започне во следните две недели

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на САД, Доналд Трамп потврди дека испораката на вакцината против коронавирус ќе започне следната недела или една недела подоцна.

Како дел од Денот на благодарноста, Трамп за време на видео интервјуто со американските трупи во странство рече дека вакцината најпрво ќе им биде дадена на оние кои се во првите редови на борбата против коронавирусот, медицинските работници и постарите граѓани, пишува „Ројтерс“.

„Цел свет страда, а ние ја заокружуваме кривата. А вакцината ќе биде доставена следната недела или една недела после тоа“, рече Трамп, пренесува „Фокс њуз“.

loading...

Слични содржини