Трамп повика на отворање на црквите: Ни требаат повеќе молитви

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ги повика местата на богослужба „веднаш да се отворат“ и рече дека ги смета за „неопходни“.


„Во Америка ни треба повеќе молитва, а не помалку“, рече Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа, критикувајќи ги гувернерите на државите кои дозволија продавници за алкохолни пијалоци и клиники за абортус да останат отворени, пренесува Би-Би-Си.

Центрите за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) исто така издадоа упатства дека црквите треба да бидат повторно отворени, но претходно не ги спомнаа местата за богослужба.

Според „Вашингтон пост“, првичното отсуство на инструкции се должи на социјалните конзервативци блиски до потпретседателот Мајк Пенс, кој се спротивстави на владата да им кажува на верските водачи што да прават.

Слични содржини