Трамп повлекува дел од војниците стационирани во Германија

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Пентагон да го намали бројот на американски војници стационирани во Германија.

Неименуван висок американски функционер го потврди ова пред американските медиуми денес.

Во моментов има 34.500 американски војници во Германија. Одлуката на Трамп предвидува намалување на американското воено присуство во Германија за 9.500 војници до септември.

Слични содржини