Трамп предложил продажба на Порто Рико

од Vladimir Zorba

По катастрофалниот ураган Марија во Порто Рико, американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледувал идејата за продажба на овој остров во 2017 година, откри за Њујорк Тајмс, Елејн Џук, поранешен заменик началник за национална безбедност, јави Си-Ен-Ен.

„Неговите идеи се повеќе како бизнисмен отколку за претседател“, рече Џук.

Таа додаде дека продажбата на Порто Рико никогаш не била сериозно разгледувана откако Трамп тоа го предложил.

Речиси три илјади луѓе го загубија животот како резултат на невремето, но и загубата на електрична енергија во голема област на Порто Рико.

Трамп претходно ги обвини локалните власти во Порторико за злоупотреба на пари обезбедени од неговата администрација, а во ноември 2018 година Белата куќа го извести Конгресот дека претседателот не сака да испрати дополнителни средства за да ја поправи штетата.

По невремето, Трамп негираше каква било грешка на неговата администрација и побара пофалби за реакцијата по ураганот Марија, оценувајќи дека станува збор за „неверојатен и неоспорен успех“.

Слични содржини