Трамп прогласи состојба на природна катастрофа на Флорида

од Vladimir Zorba

– По барање на гувернерот на Флорида, Рик Скот, американскиот претседател Доналд Трамп одобри да се прогласи состојба на природна катастрофа на Флорида и наложи федерална помош за земјата што е погодена од ураганот Ирма.

Прогласувањето состојба на природна катастрофа значи дека граѓаните и бизнисмените на САД можат да се пријават за донација на средства, времени живеалишта, поправка на домовите и заеми со ниски каматни стапки, со цел да се покрие штетата на неосигураните имоти на граѓаните на Флорида, како и останатите програми.

Трамп оценува дека  САД „имале малку среќа“ откако ураганот Ирма го смени првичниот курс и се упати кон запад долж брегот на Флорида.

– Лошите вести се дека ова е некое големо чудовиште, нагласи Трамп.

Тој додаде дека ќе требаат огромни средства за да се поправат штетите.

– Во моментов сме загрижени за животите на луѓето, а не за трошоците, потенцираше Трамп.

Националниот центар за урагани на САД соопшти дека ураганот Ирма ослабнал на бура од втора категорија, со што технички го изгуби статусот на голем ураган.

Слични содржини