Трамп: Путин е важен фактор, ќе го поканам на самитот на Г7

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го покани рускиот претседател Владимир Путин на проширениот самит на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7).

„Дефинитивно би го поканил на состанок. Мислам дека тој е важен фактор“, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа, јавува руската новинска агенција ТАСС.

Тој додаде дека размислува да одржи самит по претседателските избори во САД во ноември.

„Сè уште не испративме покани. Разговараме со лидерите“, рече тој, додавајќи дека ќе бидат поканети неколку земји што не се формални членки на Г7.

Самитот, кој требаше да се одржи во Камп Дејвид, САД, беше одложен од јуни во септември.

Трамп претходно објави дека ќе покани претставници на Русија, Австралија, Индија и Северна Кореја.

Слични содржини