Трамп: Путин можеби не ни сака да ја запре војната, можеби само ме залажува

од Milan1
137 прегледи

Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа „Трут соушал“. Прво го нападна „Њујорк Тајмс“, но потоа го коментираше Путин и неговото однесување.
Еве што напиша:

„Независно каков договор ќе постигнам во врска со Русија и Украина, независно колку добар ќе биде, дури и да биде најдобриот договор постигнат некогаш, пропаднатиот „Њујорк тајмс“ за него ќе пишува лошо. Малиот Питер Бејкер, исклучително присутен и неталентиран новинар на „Тајмс“ ги послуша наредбите на својот уредник и напиша дека Украина треба да ја врати територијата, вклучително, претпоставувам, и Крим, како и други апсурдни барања, за да се запре убивањето кое е полошо од било што друго во Втората светска војна.

Зошто тој безначаен новинар не каже дека толку Обама ѝ овозможи на Русија да ѝ го украде Крим на Украина без испукан куршум? Исто така, малиот Митер Бејкер ја напиша и бесрамно ласкавата, но ужасно напишана биографија за Обама. Беше тао вистинска шега!

Дали Бејкер некогаш го критикуваше предавањето на Крим од страна на Обама? Не, никогаш само Трамп, а јас со оваа глупава војна немам ништо, освен што уште на самиот почеток на Украина ѝ дадов проектили џавелин, додека Обама им праќаше чаршави.

Оваа војна е војна на заспаниот Бајден, не моја. Беше осудена на пропаст од првиот ден и никогаш не требаше да се случи. Не би се случила да бев тогаш јас претседател. Сега само се обидувам да го расчистам хаосот што ми го оставија Обама и Бајден и тоа каков хаос.

Но, покрај сето та, нема оправдување Путин последните денови да испукува проектили на цивилни региони, градови и села. Тоа ме наведува да помислам дека можеби и не сака да ја запре војната, само ме залажува, па треба дабиде присилен на некој друг начин можеби финансиски или со некои други санкции“, напиша Трамп.

Слични содржини