Трамп сака да ги затвори границите на заразените Американци

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за забрана за враќање дома од странство за американски државјани и легални жители за кои постои сомневање дека се заразени со коронавирусот.

Висок службеник на американската администрација за Ројтерс изјави дека се подготвува нацрт-текст на нова регулатива што треба да и овозможи на владата да ги спречи државјаните на САД да се вратат во својата земја ако постои основано сомнение дека се заразени со вирусот или некоја друга болест.

Од почетокот на пандемијата, Трамп воведе неколку рестриктивни мерки за влез во САД.

Ројтерс во мај објави дека постои загриженост во американската администрација дека двојни американски и мексикански државјани може да се обидат да избегаат во САД доколку се влоши епидемијата во Мексико, ставајќи дополнителен притисок врз системот за здравствена заштита на САД.

Новата мерка ќе го објави Националниот центар за контрола и спречување на заразни болести, пренесе Ројтерс, според неименуван американски службеник.

Слични содржини