ТРАМП САКА ДА СЕ ВРАТИ НА ТВИТЕР: Поранешниот претседател се обрати на суд – „нареди им“

од Берта Китинска

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од федерален судија во американската држава Флорида да му нареди на Твитер повторно да го активира неговиот профил, објави Блумберг њуз. Во јули, Трамп ги тужеше Твитер, Фејсбук и Алфабет Гугл, како и нивните извршни директори, наведувајќи дека незаконски ги замолкнале конзервативните ставови, потсетува Ројтерс.

Барањето на Трамп за акција против Твитер беше поднесено во петокот попладне во Мајами. Во жалбата се наведува дека социјалната мрежа ја откажала неговата сметка под притисок на неговите политички ривали од Конгресот.Трамп одби да коментира, а неговите претставници се уште не одговориле на барањето на Ројтерс.

Неговите сметки на водечките социјални мрежи беа поништени на почетокот на годината, а компаниите тврдеа дека тој ја прекршил нивната политика која забранува величење на насилството.

Стотици негови поддржувачи упаднаа во Конгресот на 6 јануари, откако Трамп тврдеше дека бил ограбен на изборите, што беше одбиено од судовите, претставници на изборната комисија и некои членови на неговата администрација.

Слични содржини