ТРАМП САКА ПОВТОРНО ДА БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ?! Тајни извори открија кога ќе ja објави кандидатурата

од Nikola Popovski

Потесниот круг на поранешниот американски претседател Доналд Трамп разговара околу најавата за претседателската кампања за 2024. Три извори за „Аксиос“ велат дека Трамп официјално ќе ја објави својата кандидатура за десет дена, на 14 ноември.

Да потсетиме дека Трамп на митинг во сојузната држава Ајова најави дека е „многу, многу веројатно“ повторно да се кандидира за претседател, јавува Би-Би-Си. Трамп вчера зборуваше на првиот од четирите митинзи што ќе се одржат во следните пет дена како дел од кампањата на републиканскиот кандидат.

„За да ја направиме нашата земја просперитетна, безбедна и славна – многу, многу, многу веројатно ќе го направам тоа повторно“, рече тој. „Во ред? Многу, многу, многу веројатно. Многу, многу, многу веројатно“, додаде тој. „Тоа е сè што ќе кажам засега. Многу, многу наскоро“.

Актуелниот американски претседател Џо Бајден, исто така, е на турнеја низ земјата за да ги охрабри луѓето да гласаат. Ниту Џо Бајден, ниту Доналд Трамп нема да се најдат на листата на изборите следната недела, каде граѓаните ќе одлучуваат за гувернерите на сојузните држави и за односот на силите во американскиот Конгрес. Но, овие избори се важни бидејќи во голема мера ќе влијаат на тоа како ќе изгледаат претседателските избори за две години.

Фото: PROFIMEDIA

Слични содржини