Трамп: Сандерс е мошне успешен и се чини дека победува

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот посочи дека демократите кои не сакаат сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, да ја добие претседателската номинација на неговата партија, се обидуваат да го повредат, објавувајќи разузнавачки информации од доверливиот брифинг на конгресот, дека Москва го промовира Сандерс.

На прес-конференцијата во Индија, Трамп го забележа напредокот на Сандерс во трката, велејќи дека тој е многу успешен и се чини дека победува, пренесува АП.

Трамп го обвини пратеникот од Калифорнија, Адам Шиф, претседател на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, за објавување информации за Сандерс, кој ги негираше обвинувањата, пренесува Танјуг.

Трамп претходно изјави дека ниту една земја не се обидува да му помогне да победи на изборите.

„Не сакам помош од ниту една земја“

Тој го изјави ова неколку дена откако висок функционер за разузнавање им рече на законодавците дека Русија се меша во претседателските избори на 3 ноември за да може Трамп да освои втор мандат, пренесе Ројтерс.

„Не сакам помош од ниту една земја и ниту една земја не ми помогна“, им рече Трамп на новинарите на конференцијата за медиуми во Индија.

Американски официјални лица посочија дека Русија започнува со дезинформации и пропагандни кампањи за да му помогне на сенаторот Сандерс, кој води кампања за номинацијата за демократски претседател на изборите годинава.

Слични содржини