Трамп се повикал на Петтиот амандман повеќе од 440 пати, одговорил на едно прашање

од Nikola Popovski

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повикал на Петтиот амандман на Уставот на САД повеќе од 440 пати, пренесоа американските медиуми.

Трамп во средата се повика на неговото уставно право да не одговара на прашањата на обвинителството, како дел од истрагата за тоа дали неговата компанија, Организацијата Трамп, ги прекршила законите за банкарство, осигурување и даноци и се занимава со финансиска измама.

Адвокатот на Трамп, Рон Фишети, за „NBC“ изјави дека Трамп одговорил само на едно прашање, а тоа е неговото име.

Фишети за „Њујорк тајмс“ прецизираше дека сведочењето траело околу четири часа со паузи, а Трамп го повторил „истиот одговор“ на сите други прашања, во смисла на повикување на Петтиот амандман.

Тој додаде дека има многу прашања за проценките, голф-стаповите „и сето тоа“.

Позната е изјавата на Трамп во април 2018 година дека само членовите на толпата ќе се повикаат на Петтиот амандман, пренесува „Бизнис инсајдер“ и ја цитира: „Гледате дека толпата се повикува на Петтиот. Ако сте невини, зошто се повикувате на Петтиот амандман?“.

Суштината на Петтиот амандман е дека поединецот не може да биде принуден да сведочи против себе на суд.

Слични содржини