Трамп се предомисли, нема дополнителни санкции за Русија

од desk2

 

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи воведувањето дополнителни санкции за Русија, изјави висок службеник во неговата администрација.

Додаде дека Трамп веројатно нема да ги одобри дополнителните сакнции ако Москва не изведе нови сајбер напади, или не направи друга провокација.

Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли во неделата рече дека Вашингтон подготвува нови санкции кон Русија заради поддршката на сирискиот претседател Башар ал Асад, но неименуван службеник за Ројтерс вели дека „амбасадорката овојпат избрзала“.

„Вашингтон пост“ прв објави дека Трамп го попрел планот за дополнителни санкции за Русија.

Слични содржини