„Трамп се пресели во Пакистан и продава сладолед“: Хит видео што насмеа многумина

од Stefanija Kuzmanovska

Видеото од продавач на сладолед од Пакистан стана хит на социјалните мрежи, откако многумина го нарекоа двојник на Доналд Трамп.

Мажот, кој има албинизам, беше снимен како продава сладолед на улиците во Пенџаб, а луѓето ја забележаа неговата сличност со поранешниот американски претседател.

На снимката се гледа како двојникот на Трамп пее за разни вкусови и состојки додека стои количката, пренесува „Ладибл“.

Сепак, иако неговиот глас воопшто не личи на Трамп, многумина забележаа дека прават слични движења со рацете.

„Доналд Трамп се пресели во Пакистан и продава сладолед“, „Новата работа на Трамп – продава сладолед“, се само некои од коментарите под видеото.

Слични содржини