Трамп се сретна со сингапурскиот премиер

од Vladimir Zorba

  Во пресрет на историската средба на врвот меѓу САД и Северна Кореја, претседателот на САД Доналд Трамп денеска во Сингапур се сретна  со домаќинот – сингапурскиот премиер Ли Хазен-ланг, јави ДПА.

Средбата, која беше приватна, се одржа во официјалната резиденција на премиерот на Сингапур. По неа, двајцата лидери излегоа кусо пред медиумите и позираа пред камерите пред да се вратат во зградата за работен ручек со американски и сингапурски вработени. Ниту еден од нив не даде изјава пред новинарите, но Трамп беше чуен како му вели на Ли дека утрешната средба ќе биде многу интересна и според него ќе има многу добар резултат.

Денеска во хотелот „Риц Карлтон” се одржаа подготвителни разговори меѓу претставниците на САД и Северна Кореја, а се очекува подоцна да има уште една таква средба. Американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој е во американската делегација, подоцна напиша на Твитер дека разговорите била „суштински и детални”.

Слични содржини