Трамп се закани дека ќе сопре со финансирање на СЗО

од Vladimir Zorba

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше Светската здравствена организација (СЗО) и ја обвини дека е премногу „лабава“ кон Кина и дека давала лоши совети на почетокот на епидемијата.

„СЗО навистина ги згреши работите. Поради некоја причина, таа е финансирана претежно од Соединетите држави, а сè уште е многу фокусирана на Кина“, напиша Трамп на Твитер, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека за „среќа го отфрлил“ Советот на СЗО да ги задржи границите со Кина отворени уште на почетокот на епидемијата и се прашувал зошто организацијата дала „такви погрешни препораки“.

Тој на дневниот брифинг за пандемијата рече дека ќе размисли дали САД ќе продолжат да го финансираат СЗО.

„Не реков дека сигурно ќе го прекинеме финансирањето, но ќе го разгледаме прашањето“, рече Трамп.

Америка е најголемиот финансиер на СЗО, со платени 57,8 милиони долари од почетокот на годината, а потоа следува Кина со 28,7 милиони.

Слични содржини