Трамп сега ги смирува тензиите: Помогнете за да нема никакво насилство

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика сите Американци да помогнат во намалувањето на тензиите. Тој рече дека не станува збор за насилство од каков било вид и ги повика големите технолошки компании да ги здружат напорите за смирување на ситуацијата.

„Во светло на извештајот за новите демонстрации, апелирам дека не смее да има насилство, никакво кршење на законот и вандализам од каков било вид“, рече Трамп во изјава за Фокс њуз.

Тој посочи дека не заговара такви работи.

Советникот на Трамп рече дека изјавата ќе биде објавена и од прес-службата на Белата куќа. Белата куќа тогаш ќе се обиде да ја објави изјавата на официјалните профили на социјалните мрежи.

Тој додаде дека изјавата ќе биде дистрибуирана низ сите канали на кампањата на Трамп.

„Претседателот Трамп ги повикува сите Американци да му се придружат во обезбедувањето мирна транзиција на власта следната недела и ги повикува технолошките компании да му помогнат“, рече советникот.

Тој посочува дека ова е критичен момент во историјата на нацијата.

Изјавата на Трамп доаѓа во време на дебата во Претставничкиот дом за неговото отповикување и откако му беа суспендирани профилите на Твитер, Фејсбук и Инстаграм.

loading...

Слични содржини