Трамп: Следува најважниот случај во историјата

од Берта Китинска

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека „најважниот случај во историјата“ ќе се случи пред Врховниот суд на САД.

„Ако Врховниот суд покаже мудрост и храброст, американскиот народ ќе победи во можеби најважниот случај во историјата и нашиот изборен процес повторно ќе се почитува“, напиша Трамп.

Трамп не прецизираше што сакал да каже, но АП претходно објави дека повеќе од половина од републиканците во Претставничкиот дом на САД ја поддржаа тужбата на Тексас, која се обидува да ја поништи победата на Џо Бајден.

Тој рече дека 17 републикански обвинители и 126 членови на Конгресот им се придружија на Тексас и Трамп во повикот на Врховниот суд на САД да отфрли милиони гласови во четири клучни држави, Мичиген, Џaорџија, Пенсилванија и Висконсин, тврдејќи дека биле измамени за време на изборите.

Слични содржини