Трамп со чудно прашање до лекарите: Дали вакцината против грип може да ве излечи од коронавирус? (видео)

од Nikola Popovski

Претседателот на САД, Доналд Трамп, оствари состанок со група експерти за подобро да ја разбере заканата што ја предизвикува ширењето на вирусот Ковид-19.

Снимките од состанокот ги објави Белата куќа, а особено интересен момент е кога американскиот претседател го поставува прашањето: „Ако користите вакцина против грип, не мислите ли дека тоа би имало влијание врз коронавирусот?“

Одговорот на експертот на ова неочекувано и збунувачко прашање беше дека нема да има апсолутно никаков ефект.

Слични содржини