Трамп со критики до СЗО: Навистина ја утнавте работата

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја критикуваше Светската здравствена организација (СЗО), обвинувајќи ја дека била премногу лабава кон Кина на почетокот на епидемијата и дека и давала лоши совети.

„СЗО навистина ја утна работата. Од некоја причина најмногу е финансирана од САД, но и натаму најмногу е насочена кон Кина. Добро ќе ја проучиме“, напиша Трамп на Твитер, пренесоа британските медиуми.

Трамп додаде дека тој „за среќа го отфрлил“ советот на СЗО границата со Кина и натаму да биде отворена на почетокот на епидемијата и се запраша зошто оваа организација давала „ толку погрешни препораки“

Слични содржини