Трамп со тужба против новинар за неовластено користење на аудио снимка

од Radmila Tasevska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денес покрена тужба против новинарот Боб Вудворд и го обвини дека незаконски користел аудиоснимки од нивните разговори во објавеното аудиоиздание на неговата книга, со што ги прекршил интересите и авторските права на Трамп.

Трамп го обвинува новинарот Вудворд за систематско узурпирање, манипулирање и искористување на звучната снимка со објавување на „Трамп лентите“, аудио компилација од нивните разговори од 2022 година, според Политико.

Во тужбата поднесена во Окружниот суд на САД во Пенсакола, Флорида, Трамп бара отштета и признавање дека неговите интереси за авторски права се компромитирани.

Слични содржини