Трамп: Ставаме крај на ерата на бескрајни војни (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој се соочува со критики за најавување на повлекување на илјадници американски војници од Германија, им рече на дипломираните студенти на Воената академија во Вест Поинт дека нивната работа би била да ги „бранат виталните интереси на Америка“ и да не учествуваат во „бескрајни војни“ во далечните земји.

Објавувањето на плановите на Трамп да префрли 9.500 војници од Германија, еден од најголемите сојузници на САД, во Полска и на друго место, ги налути германските власти и предизвика загриженост во американскиот Конгрес дека земјата се повлекува од светската сцена.

Обраќајќи се на питомците по повод нивното успешно завршување на школувањето во Вест Поинт, Трамп рече дека работата на американскиот војник не е да гради и да ги обновува странските држави, туку „да ја брани“, и да го прави тоа силно, „нашата нација од надворешни непријатели“.

„Ставаме крај на ерата на бескрајни војни“, рече Трамп. „Не е работа на американските сили да ги „решат старите конфликти во далечните земји за кои многумина дури и не слушнале“, рече тој.

Трамп ги повлече американските трупи од Сирија за време на неговото претседателство и, најавеното намалување на американскиот ангажман, создаде притисок врз сојузниците да плаќаат повеќе за нивната одбрана.

Во релативно ретка критика на неговата партија, 22 републиканци на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом рекоа дека намалувањето на бројот на американските трупи во Германија ќе наштети на националната безбедност и ќе ја охрабрат руската агресија.

Во своето обраќање пред повеќе од илјада кадети во саботата, Трамп само индиректно се осврна на сегашното прашање на расната неправда во САД, велејќи дека питомците се пример за американска разноликост.

„Дојдовте од фарми и од градови, големи и мали држави, од секоја раса, религија, боја и верба. Но, кога влеговте во оваа област, станавте дел од еден тим и едно семејство што гордо служи на обединетата американска нација“, рече тој.

Слични содржини