Трамп: Тоа што го направија Фејсбук, Твитер и Гугл е вистинска срамота

од Vladimir Zorba

Доналд Трамп во средата ја нарече „срамотна“ одлуката на социјалните мрежи привремено да ги затворат неговите профили, во изјавата објавена откако надзорниот одбор на Фејсбук објави дека ја продолжува забраната за објавување пораки на Фејсбук и Инстаграм од страна на поранешниот претседател.

„Она што го направија Фејсбук, Твитер и Гугл е вистинска срамота“, рече тој во изјавата.

„Американскиот претседател е лишен од слободата на говорот затоа што крајно левите лудаци се плашат од вистината, но вистината ќе излезе како и да е, поголема и посилна од кога било“, додаде Трамп, осврнувајќи се на неоснованите обвинувања што ги изнесе порано за Претседателски избори во САД во ноември 2020 година

„Луѓето во оваа земја нема да страдаат! Овие групи на социјални мрежи мораат да ја платат политичката цена и никогаш повеќе не смеат да им се дозволи да го уништуваат и осакатуваат нашиот изборен процес“, додаде поранешниот американски претседател.

Во иста насока, републиканските пратеници во Конгресот реагираа со закани дека ќе ги нападнат големите технолошки компании доколку повторно освојат мнозинство на следните парламентарни избори на среден рок во ноември 2022 година.

Ако Фејсбук „може да го забрани пристапот до претседателот Трамп, тогаш може и секој конзервативец“, објави на Твитер лидерот на малцинството Републиканци во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти. „Републиканското мнозинство во Домот ќе ја ограничи моќта на технолошките гиганти над нашите зборови“, вети тој.

Надзорниот одбор на Фејсбук во средата ја потврди суспензијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп од таа социјална мрежа, но му даде на Фејсбук шест месеци да одреди „пропорционален одговор“ за иднината.

Слични содржини