Трамп: Требаше да го забранам Фејсбук додека бев претседател

од Nikola Popovski

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека требало да го забрани Фејсбук додека бил претседател, но дека директорот на компанијата Марк Цукерберг постојано му се јавувал, доаѓал на вечери во Белата куќа и по тој повод му кажувал колку е величествен.

Профилите на Трамп на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук се забранети, односно на Твитер засекогаш, а на Фејсбук најмалку две години.

Во изјавата Трамп ја пофали нигериската влада за забраната на платформата Твитер во Нигерија откако беше избришана наредбата на претседателот на таа земја Мухамед Бухари поради „кршење на правилата“, пренесува Би-Би-Си.

„Кои се тие да диктираат добро и зло кога и самите се зли?“, стои во изјавата на поранешниот претседател, повикувајќи ги другите земји да ги следат потезите на Бухари.

Во исто време, Трамп апелирал до граѓаните да ги бришат профилите на Фејсбук и Твитер затоа што не дозволуваат „слободен и отворен говор“, и каде што тој лично му беше забранет пристап по немирите во Капитол во јануари, поради обвинувањата дека неговите објави поттикнале насилство.

„Ѝ честитам на Нигерија за забраната на Твитер кој го забрани нивниот претседател“, истакнал Трамп.

Слични содржини