Трамп: Третата светска војна никогаш не била толку блиску

од Radmila Tasevska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека „третата светска војна никогаш не била толку блиска“.

По повод годишнината од руско-украинската војна, Трамп на својата официјална веб-страница објави видео.

„Третата светска војна никогаш не била толку блиску“, рече Трамп, додавајќи дека тој е единствениот претседател кој не започнал војна со генерации.

Трамп рече дека американската администрација ги поддржала бунтовите во Украина во 2014 година.

„Можеме да ја завршиме украинската војна за 24 часа со вистинското раководство“, рече Трамп.

Слични содржини