Канада ќе воведе „реципрочни мерки“ во вредност од 2,3 милијарди евра за еден месец како одговор на одлуката на Доналд Трамп за враќање на царините од 10 проценти на канадскиот алуминиум, изјави во петокот канадскиот вицепремиер Криста Фриланд.
Оценувајќи ја одлуката на Трамп како „неразумна“, Фриланд рече дека премиерот Џастин Трудо ќе одржи „консултации за долг, сеопфатен список на (американски) производи што содржат алуминиум во наредниот месец“.
„Реципрочните мерки“ ќе стапат на сила по тие консултации, додаде таа на прес-конференција.
Отава ќе возврати против овие „нефер тарифи“ „брзо и одлучно“: „за секој долар што САД ќе го оданочат канадскиот увоз, ние ќе возвратиме со еднакви тарифи“, рече вицепремиерот. „Ние нема да ги влошиме работите, но нема да се повлечеме“, истакна таа, додавајќи дека „алуминиумската индустрија е важна за канадската економија“ и дека генерира околу 10,000 директни работни места. Американските тарифи за канадскиот алуминиум стапуваат на сила на 16 август.
Враќањето на американските тарифи доаѓа само неколку недели откако новиот договор за слободна трговија (УСМКА) помеѓу САД, Канада и Мексико стапи на сила на почетокот на јуни. Вториот е замена за НАФТА (Северноамериканскиот договор за слободна трговија) потпишан во 1994 година, договор за кој едногласно се сметаше за застарен.
Во јуни 2018 година, во време на преговори за измена на НАФТА, Трамп не се двоумеше да воведе тарифи на канадскиот алуминиум. Отава веднаш најави данок на американски производи (челик и алуминиум, но исто така и виски, кечап, сок од портокал, едриличари, моторни чамци, косилки за трева и друго).
Доналд Трамп се откажа од воведувањето тарифи во мај 2019 година под услов Канада „да не го преплави нашиот пазар со својот извоз и не ги уништува сите наши работни места во секторот за алуминиум“.