Трамп: Вучиќ и Хоти ги направија Балканот и светот побезбедни

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на САД, Доналд Трамп оцени дека договорот за економска нормализација ќе ги направи Србија, Косово, Балканот и светот побезбедни и истакна дека за ваков чекор е потребна исклучителна храброст на лидерите, објави Стејт департментот на својот Инстаграм профил.

Според Радио Слободна Европа, Трамп наводно нагласил дека „потребна била извонредна храброст“ на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти да ги започнат овие разговори и да дојдат во Вашингтон за да ги финализираат овие обврски.

„Правејќи го тоа, тие ги направија своите земји, Балканот и светот побезбедни“, рече Трамп.

Србија и Косово со посредство на САД потпишаа договор за нормализирање на економските односи во Белата куќа на 4 септември. На церемонијата на потпишување присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп.

Слични содржини