Трамп за говорот на Бајден: Политички театар, тој целосно потфрли

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска му одговори на американскиот претседател Џозеф Бајден на годишнината од немирите во Капитол, кога приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот и убија пет лица.

„Овој политички театар е само одвлекување на вниманието од фактот дека Бајден целосно потфрли“, рече Трамп, пренесе весникот „Хил“.

Од изданието наведуваат и дека Бајден индиректно го обвинил Трамп за бунт, алудирајќи неколку пати на поранешниот претседател, но тој никогаш не го спомнал неговото име.

Трамп повтори дека изборите во 2020 година се украдени, а Комитетот на Претставничкиот дом, кој ги истражува немирите од 6 јануари, го праша зошто не разговарал за „наместените претседателски избори во 2020 година“.

„Тоа е затоа што немаат одговори или оправдување за она што се случи. Се извлекоа со нешто и сега ја водат нашата земја кон уништување. Тие сакаат да избегнат какви било разговори за избори“, рече Трамп.

Претходно, по повод годишнината од нападот на Конгресот, Бајден го нарече Трамп „поразен поранешен претседател“.

„Тој не е само поранешен претседател, тој е и поразен поранешен претседател. Тој беше поразен со седум милиони американски гласови на слободни и фер избори. Нема докази дека резултатите биле наместени“, рече Бајден.

Слични содржини