Трамп за инцидентот пред Белата куќа: Не барав демонстрантите да се преместат, не беше употребен солзавец

од Stefanija Kuzmanovska
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави денеска дека не барал демонстрантите да се оддалечат пред да замине кон историската црква во Вашингтон, која делумно беше запалена, за да се фотографира со Библијата и неговите најблиски соработници.

„Тие не користеа солзавец“, рече Трамп, што е во спротивност со тврдењата на голем број демонстранти и известувачи дека се користел солзавец за да ги оддалечи од црквата, пренесе „Ројтерс“.

„Сега кога отидов таму, не реков да ги преместат. Не знаев кој е таму“, истакна Трамп.

 

Слични содржини