Трамп за лансирањето на „Фалкон 9“: Ова е само почеток, ќе летаме и на Марс

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави по полетувањето во орбитата на вселенското летало „Фалкон 9“ од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, дека ова е само почеток и дека на крајот, американските астронаути исто така ќе летаат кон Марс.

„Неверојатно е, моќ, технологија“, искоментира Трамп за првиот лет во вселената од американско тло по девет години, додавајќи дека станува збор за „прекрасна глетка“.

Американскиот претседател, придружуван од потпретседателот Мајк Пенс и други високи функционери, го набљудуваше лансирањето на вселенското летало „Фалкон 9“, пренесува Ројтерс.

Ракетата „Фалкон 9“ била лансирана во 15:22 часот по локално време, а астронаутите се наоѓаат во новата капсула „Кру драгон“, што е прв лет во орбитата со човечка екипа.

Слични содржини