Трамп за резбата на планината Рашмор: Звучи како добра идеја

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негираше обвинувањата на „Њјорк Тајмс“ и „Си-Ен-Ен“ дека е заинтересиран за можноста да го додаде својот лик во познатиот споменик на Монт Рашмор во Јужна Дакота, но рече дека „звучи како добра идеја“.

Во неделата вечерта Трамп објави фотографија на Твитер на која стои пред планината Рашмор, за да изгледа дека е тој петтиот лик на тој споменик.

Сепак, еден момент подоцна, тој го негираше на Твитер извештајот на Њујорк Тајмс дека разговарал со гувернерот на Јужна Дакота, Кристи Ноем, за можноста неговиот лик да биде до ликовите на поранешните претседатели Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн.

„Никогаш не сум го предложил тоа, иако врз основа на многу работи што сум ги постигнал во последните три и пол години, можеби и повеќе од кој било претседател, тоа ми звучи како добра идеја“, напиша Трамп.

Слични содржини