ТРАМП ЗА ВОЈНАТА МЕЃУ ЕРМЕНИЈА И АЗЕРБЕЈЏАН: Ќе видиме дали можеме да ја запреме

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе се обидат да го запрат насилството што избувна во неделата меѓу Ерменија и Азербејџан.

„Ние многу внимателно гледаме на тоа. Имаме многу добри односи во тој регион. Ќе видиме дали можеме да го запреме тоа“, рече Трамп на прес-конференција во неделата вечерта, пренесува „Ројтерс“.

Некои големи сили веднаш реагираа на новонастанатата ситуација – некои бараа мир, но има и такви кои го „разгоруваа оганот“.

Војната меѓу Ерменија и Азербејџан избувнува по ескалацијата на конфликтот во азербејџанскиот регион Нагорно Карабах со мнозинското ерменско население.

Ерменија и Азербејџан се во конфликт подолго време поради одвоениот азербејџански мнозински ерменски регион Нагорно Карабах. Граничните конфликти се интензивираа во последните месеци и ескалираа во неделата наутро.

Ерменската влада прогласи воена состојба и општа мобилизација поради ескалацијата на конфликтот во Нагорно Карабах, а истото го стори и Азербејџан.

Претходно, претседателот на непризнатата република Нагорно-Карабах, Араик Хартјујан, прогласи воена состојба и мобилизација на сите граѓани на возраст над 18 години.

 

 

Слични содржини