Трамп: Заклучокот на ЦИА е преуранет, во вторник конечен извештај за убиството на Кашоги

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека заклучокот на ЦИА дека саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман го нарачал убиството на новинарот Џамал Кашоги е „многу преуранет“ и најави дека во вторник ќе добие целосен извештај за тој случај.

Трамп додаде дека убиството не требало никогаш да се случи.

Според него, во извештајот од вторник ќе биде објаснето кого американската влада го смета за одговорен за убиството на Кашоги и какви последици ќе има, но не појасни кој работи на извештајот.

Трамп рече и дека е можно откритието на ЦИА дека саудискиот принц да е одговорен.

Слични содржини