Трансфер „бомба“: Роналдо сака во Сити, Јувентус бара пари плус играч

од Nikola Popovski

Кристијано Роналдо сака да се пресели во Манчестер Сити, пренесува француски „Лекип“.

Според овој француски весник, неговиот менаџер Хорхе Мендеш веќе преговара за сите детали за трансферот откако клиентот ја објавил својата желба.

Се очекува „старата дама“ да добие 30 милиони евра, од кои би била задоволна бидејќи ќе може да се ослободи од големата плата на првата ѕвезда.

Сепак, Јуве сака да го добие и Бернардо Силва, кој го загуби местото во стартниот состав на Пеп Гвардиола.

Слични содржини