Челниците на Баерн ги прекинаа сите контакти со Барселона околу евентуалниот трансфер на Роберт Левандовски на Камп Ноу.
Германските медиуми пишуваат дека никој во Минхен не одговара на повиците од Барселона. Каталонците се незадоволни од односот на Баварците, но се немоќни.
Во продолжение пишуваат дека односите меѓу Баерн и агентот на Левандовски, Пини Захави, се прекинати и се далеку од пријателски.
Барселона наводно испратила дури и бурофакс, вид препорачана пошта, во Минхен.
Така, „сапуницата“ со Левандовски доби ново продолжение.