Трансферот на Дибала во Интер е прашање на денови

од Vladimir Zorba

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала е се поблиску до трансфер во Интер како слободен играч, соопштуваат во Италија.

Според „Кориере дела Сера“, „нероазурите“ нема да одложуваат и ќе го објават ангажманот на играчот во следните десет дена, со оглед на фактот дека сезоната е завршена и Дибала го одигра последниот меч со „бјанконерите“.

Во меѓувреме, трансфер експертот Николо Шира, исто така, информираше дека Аргентинецот е на прагот да се пресели во Интер.

Двете страни начелно се договориле за тригодишен договор со плата од 7 милиони евра, а договорот би можел да биде продолжен за уште една сезона.

Слични содржини