475
Познатата холивудска актерка Никол Кидман многумина ја сметаат за мајстор за трансформација. Сепак, при спомнувањето на нејзиното име, првата асоцијација за многумина е висока, згодна дама со екстремно бледа кожа и долга кадрава коса.
Без разлика дали поради годините, улогата или желбата да промени нешто во себе, познатата актерка и поранешна сопруга на Том Круз направи голема промена.
„На сетот“, напиша кратко актерката и ја покажа својата нова фризура. Кратката коса на Никол Кидман ги остави сите во шок, но и во сомнеж дали станува збор за перика или за нејзиниот нов изглед.