Транскрипт од комуникација меѓу Заев и Боки 13: Ова е чист рекет, јас морам да постапам

од Vladimir Zorba

Транскрипт од комуникација од крајот на април 2019 година помеѓу првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев беше прочитан на денешното рочиште.

– Јас сум претседател на Влада и морам да постапам законски. Извини, но грозно е, пишува Заев.

Боки 13 во неа вели дека тој не го злоупотребил името на Заев и бара средба со него.

– Ги видов доказите Боки. Ова е чист рекет. Јас морам да постапам, пишува во принт скринот каде е прибележано името на Зоран Заев.

Оваа комуникација Јовановски ја препраќа и на неговата мајка – Јасминка.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини