Транспорт и врски: ВМРО-ДМПНЕ да ги проверуваат информациите без да ја дезинформираат јавноста

од Vladimir Zorba

Министерството за транспорт и врски ги отфрла сите невистинити информации и шпекулации искажани на денешната прес конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мораме да потенцираме дека во ниту еден случај не се точни тврдењата искажани на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на јавните набавки за изградба на канализационен систем во Индустриската зона Визбегово како во Арачиново“, велат од МТВ.

„Имено за вистинско информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека во однос на изградба на фекалната канализација за ИЗ Визбегово, јавниот повик е распишан на ден 04.10.2019 година и истиот е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки. Склучен е договор на 17. 12. 2019 година и договорот е објавен на 23.12. 2019 година исто така на веб страната на Бирото за јавни набавки.

Во однос на изградба на фекалната канализација за општина Арачиново, распишан е јавен повик на ден 01.10.2019 година и истиот е објевен јавно на веб страната на Бирото за јавни набавки. Договор е склуен на 10.12.2019 година и договорот е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки на 19.12 2019 година.

Со ова, Министерството за транспорт и врски постапи по член 70 од Законот за јавни набавки во кој е наведено дека Договорниот орган задолжително објавува известување за склучен договор на ЕСЈН во рок од десет дена по склучувањето на договорот во отворена постапка.

Во продолжение може да се погледнат јавните објави на Бирото за јавни набавки конкретно за двата јавни набавки.

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/986a29e0-69fc-4888-8dfd-5b6131453c16

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/3fab5a54-ce10-45f7-b1ce-4d49bcf44e07/1

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/e478d388-2e92-4ad9-8457-a072b7a672ef

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/dd76ceed-6b4c-4fd0-9728-67b0f16f6de8/1

Ова само ги демантира тврдењата на ВМРО ДПМНЕ за аматеризмот и непрофесионалноста со кои се служат за евтини политички поени.

Ги повикуваме од ВМРО ДМПНЕ пред да објават било каква информација, доследно да ја проверат без да ја дезинформираат јавноста.

Министерството за транспорт и врски како и до сега и во иднина ќе работи исклучиво во рамките на Законите и законските прописи во Република Северна Македонија“, се додава во реакцијата.

Слични содржини