Трансродовата ќерка на Џоли и Пит реши да каже ЗБОГУМ!

од Stefanija Kuzmanovska

Иако беше напишано дека трансродовата ќерка на Бред Пит и Анџелина Џоли ќе живее со својот татко, таа информација, според странските медиуми, не е точна.


Имено, магазинот „New Idea“ пишува дека ќе ги напушти и татко и мајка и, а потоа ќе започне самостоен живот.

Како што откри неименуваниот извор за споменатиот медиум, на Шајло и е преку глава да игра миротворец на сопствените родители, кои дури четири години по разводот сè уште не се согласиле за старателството над шестте деца. Затоа одлучи да живее со нејзините баба и дедо, родителите на нејзиниот татко, во Спрингфилд, Мисури.

– Шајло копнее за нормален живот, а нејзините баба и дедо сигурно ќе ја прифатат со отворени раце. На неа и треба цврст карактер во воспитувањето и ќе го има тоакај нив – рече изворот, додавајќи дека на Анџелина Џоли воопшто не и се допаѓа идејата.

Бред, од друга страна, ја поддржува својата ќерка затоа што верува дека таа барем треба да добие можност да ги помине летните одмори со баба и дедо и.

Слични содржини