Трејлер на Netflix ги воодушеви гледачите – дали го гледавте „The Trip“? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„The Trip“ е нов трилер на Netflix со елементи на црн хумор за сопружници кои сакаат да се убијат.

Приказната ги следи Лиза (Нуми Рапејс) и Ларс (Аксел Хени), брачна двојка кои одат во куќа во самотија за да се убијат. Тој е режисер кој сонува за голема кариера, но режира ТВ сапуници, а таа е актерка која преживува од снимање реклами за еректилна дисфункција, иако се надева на сериозна кариера во театарот.

Нивниот брак е проследен со многу проблеми, Лиза го изневерува Ларс, а не помага тоа што сопружниците се мразат од дното на душата. Покрај тоа, тие се во долгови, но имаат платено животно осигурување. И така, кога ќе одлучат да поминат мирен викенд во затскриена куќа, тие всушност планираат да се убијат.

Овој норвешки трилер/хорор е дело на Томи Виркол, „лошото момче“ на скандинавскиот филм, а завршува со крвави конфронтации кои ќе натераат многумина да го дочекаат крајот на филмот со „очи широко отворени“.

Во филмот нема да најдете длабоки и значајни разговори за смислата на животот, но затоа не недостигаат пушки, шок-пиштоли, ножеви… Филмот ја следи не само борбата на сопружниците туку и непоканети гости против кого Лиза и Ларс ќе мора да ги здружат силите.

Виркол е веќе познат режисер, најмногу за дебитантскиот „Мртов снег“.

Филмот ги заслужи симпатиите на гледачите кои сметаат дека е многу забавен и филм кој мора да се види.

Слични содржини