Тренчевска: Доставена е опремата за градинката во Точила, останува општина Прилеп да ги отстрани недостатоците

од Nikola Popovski

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска направи увид на новата детска градинка во населеното место Точила во Општина Прилеп.

Новиот објект ќе функционира во состав на Јавната установа за деца – детска градинка „Наша иднина” и истиот ќе биде со капацитет за 252 деца. Оваа детска градинка е дел од Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2022 година на Министерството за труд и социјална политика. Опремата како инвестиција на Министерството за труд и социјална политика е во висина од 9.288.202 денари, додека градежниот дел е финансиран од Општина Прилеп.

„Со испораката на опремата, Министерството ја исполни својата обврска од Договорот за набавка на опрема во предвидениот рок. Како што можевме да видиме при увидот опремата е пристигната и примена и со тоа завршува опремувањето на објектот. Останува од општината да се коригираат оние недостатоци кои се забележани од страна на архитектите и верувам дека до крајот на летото ќе можеме да ја отвориме,” истакна Тренчевска.

Слични содржини