Тренчевска: Државата нема да влезе во инфлација со 12 процентно покачување на платите во образованието

од Маја Анчевска

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска кажа дека државата нема да влезе во дополнителна инфлација со 12 процентното покачување на платите во образованието откако претходно изјави дека покачувањето на платите за повеќе од 10% ќе предизвика дополнителна инфлација во државата.

– Нема да влеземе во дополнителна инфлација затоа што во разговори со министерот за финансии и со премиерот 12% се процент кој нема да предизвика дополнителна инфлација и проблем на стабилноста на Буџетот на Владата, изјави министерката Тренчевска.

На прашање дали ќе се кратат пари од други места за покачување на платите во образованието министерката Тренчевска кажа дека ќе видат, но најверојатно нема да се кратат плати од други места.

Слични содржини