Тренчевска и Битиќи заедно со синдикалците: „Трудот на работникот мора да се вреднува“

од Берта Китинска

Пред Владата, покрај синдикалците, денеска беа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска чие присуство јавно, пред сите присутни, го поздрави претседателот на ССМ Дарко Димовски и изрази задоволство поради нивното присуство.

– Унапредувањата на правата на работниците не се случува еднаш засекогаш. Треба да се зборува и за еднаквиот третман на мажите и жените на пазарорт на трудот, за безбедноста при рабпота како и за сите други права кои се забопрваат посебно за време на кризи Никој не треба да заборави дека работникот е на право место, човечкиот капитал е пред се – рече Битиќи.

-Ветувам дека заедно ќе ја продожиме борбата за подобри работни услови, за унапредување на работничките права и за поголеми плати, им порача денеска на синдикалците министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Тренчевска во кусото обраќање потенцира дека трудот на работникот мора да се вреднува и дека работодавачите мора да ги почитуваат своите обврски. Најави и засилени инспекциски контроли, како и казни доколку се утврди дека работодавачите не ја исплаќаат платата законски и на работниците им даваат под 18 000.

-Сите работодавачи кои не исплаќаат плата согласно законот или под 18 000 денари, ќе сносат санкции според Законот за работни односи. Државниот инспекторат за труд врши контроли посебно во текстилните фабрики каде, сведоци сме, дека последните денови се исплаќаат плати под 18 000 денари. Ќе следуваат инспекциски контроли и секој што не исплаќа ќе биде санкциониран.Трудот на работникот мора да се вреднува, рече Тренчевска.

Слични содржини