Тренчевска: Министерот за финансии ќе ги одобрува само финансиските импликации на колективните договори, не и другите права

од Stefanija Kuzmanovska

Унапредувањето на правата со колективен договор не значи само унапредување на платите. Со цел обезедување на стабилност на буџетот министерот за финансии ќе треба да даде позитивно мислење за фискалните импликации, кажа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека доколку министерот за финансии не даде позитивно мислење, преговорите со синдикатот ќе започнат повторно.

„Министерот за финансии нема да дава мислење за дополнителни права, туку само за фискалниот ефект од колективниот договор, за друго нема надлежност“, објасни Тренчевска.

Министерката истакна дека со ограничувањето на траењето на колективните договори ќе се воспостави постојана комуникација на синдикатите и работодавачите со цел обезбедување на поголеми права за работниците.

Слични содржини