Тренчевска: Штрајкот е во мирување – ако наставниците не се вратат на работа, можат да изгубат работа

од Nikola Popovski

Кога се пристапува кон мирно решавање на работните спорови, штрајкот се става во мирување, согласно Законот. До штрајкувачите што се моментално собрани пред СОНК, сакам да кажам дека се работи за штрајк, тој е колективен работен спор и кога нема да се најде решение меѓу двете страни, меѓу СОНК и МОН, тогаш се пристапува кон медијација, со помирувач што се вклучува во изнаоѓање на решение, вели министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчовска за денешната одлука на СОНК.

Според неа, не може да се отфрли ова кога Советот на СОНК постапил согласно закон.

-Штрајкот е прекинат. Ако наставниците не се вратат на работа, тогаш ќе си сносат одговорност, согласно закон. Ако не одржуваат часови, можат да изгубат работа, дисциплинска постапка. Нема повеќе штрајк, тој е во мирување. Учениците се враќаат во училиште, рече Тренчовска во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини