Тренчевска: Во преговорите на Владата со СОНК ќе се вклучи медијатор за да најдеме решение

од Nikola Popovski

„На барање на Министетрството за образование, со допис доставен до нас, се обратија да им доставиме име на медијатор или посредник и да го известиме СОНК за тоа. Имаме регистар со помирувачи и го избравме лицето кое ќе се вклучи во овој процес. Лицето е Драгица Исаиловска Митровска, правничка по професија, со долго искуство. Таа е непристрасна, го знае правото, го знае Законот за работни односи, законите за образование и има компетенции да биде помирувач. И со нејзината улога верува дека ќе стигнеме до решение. Ќе има преставници на МОН, на СОНК и заедно со медијаторот ќе учевствуваат во преговорите.“- изјави министерката за труд и социјала, Јована Тренчевска, на телевизија 24.

„Кога се пристапува кон мирно решавање на проблемот штрајкот се става во мирување. Штрајкувачите кои се пред СОНК знаат дека во моментов не се работи за работен спор, туку за штрајк и во случај кога не може да се најде решение помеѓу двете страни, СОНК и Владата. се пристапува кон медијација, со помирувач кој се вклучува во процесот. Советот на СОНК постапил согласно закон и кога се прифаќа медијацијата и штрајкот се прекинува и учениците и наставниците се враќаат во училиштата и ако се продолжи со штрајк во такви услови ќе има последици. Ако не се појават на работа наставниците ќе се казнат според Законот за работни подноси, а може да изгубат и работа. Нема повеќе штрајк, ставен е во мирување, наставниците мора да се вратат на работа и ако не го направат тоа ќе им се смета дека неоправдано се отсутни.“- дополни министерката.

Слични содржини