Тренчевска: Во Законот за работни односи нема ништо неуставно

од desk4

 – Прекувремената работа дури и со согласност нема да биде толку голема затоа што градежништвото зависи од временските услови, а ограничувањата за работа на високи и ниски температури важат за сите, па и за градежните работници и токму затоа не се дефинира горна граница на работни часови, смета министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Тренечвска во емисијата „24 анализа“ на „ТВ 24“ рече дека Законот за работни односи е во рамките на Уставот.

Министерката се надева дека времето ќе покаже оти стравовите за безбедноста на работниците, бргу ќе исчезнат, затоа што „Бехтел и Енка“, како што посочи, е, сериозна компанија.

Таа информираше дека во тек се огласите за работа и оти сите кандидати ќе минат низ систематски здравствен преглед. 

Слични содржини