Тренчевска: Заедничката соработка ќе даде свој придонес за појаснување на одредени нејаснотии и дилеми

од Radmila Tasevska

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренческа присуствуваше и на третата јавна расправа за Законот за работни односи која се одржа во Штип. На оваа расправа голем дел од учеството зедоа претставници на работодавците вклучувајќи ги и претставниците на Организацијата на работодавци на Македонија.

Министерката во своето воведно обраќање истакна дека Законот за работни односи е основен закон со кој се уредуваат базичните права од работен однос, таа посочи дека со овој документ се воспоставува баланс во односите помеѓу договорните страни.

За време на расправата беше развиена плодна дискусија, со конструктивни забелешки кои како што посочи министерката треба да придонесат во унапредување на документот кој значи почит на правата на работниците.

Слични содржини