Трендафилов: Недела да биде неработен ден, оние што ќе работат да добијат поголема дневница

од Берта Китинска

Во поглед на воведувањето на законските решенија  за пензионирањето ние како синдикат имавме предлози кои беа предложени и прифатени од страна на оваа влада, а беа дадени како предлог пред 10 години, вели Слободан Трендафилов од ССМ во 24 анализа.

Тој напомена дека и по прифатените предлози од страна на синдикатот сепак тие имаат забелешки во односот на предлозите.

-Нашиот предлог беше во законот да биде предвидено предвремено пензионирање со цел младите да останат во нашата земја , но бевме затечени од ковид кризата, но мора да продолжат преговорите и апелираме да не се кочат процесите од страна на политичките партии, изјави Трендафилов.

Во однос на тоа дали недела треба да биде неработен ден, Трендафилов вели дек таа одлука треба веднаш да се донесе.

-Недела неработен ден е многу важно прашање, сојузот пред две години истото го предложи.Во однос на носење на оваа одлука државата треба да води сметка за своите пари. Предлогот недела како неработен ден треба веднаш да биде  одлучен, а оние кои ќе работат тој ден да бидат платени за дополнителни 50 проценти за работа во недела, вели Трендафилов.

Слични содржини